Print this page

Обука: „Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви“

15 Мај 2023

Македонското здружение на млади правници во рамките на проект поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија организира специјализиранa обукa на следнaвa темa: Пристапи во комуникацијата со деца во ризик и деца жртви.

Обуката е бесплатна и е наменета за адвокати почетници како и за сите адвокати со помалку од 15 години работно искуство како адвокати, а кои ќе изразат интерес за учество на обуките. Обуките се еднодневни и се спроведуваат со физичко присуство.  

Обуката ќе се одржи на 12 јуни 2023 (понеделник) година со почеток од 12:00 часот во Public Room во Скопје. 

Заинтересирани адвокати треба да се пријават со пополнување на формулар најдоцна до 10.06.2023 година. 

Во прилог формуларот за пријава на учесници -  https://forms.office.com/e/q8wBsMdYhf

На номинираните учесници дополнително ќе им биде испратена целосна агенда за настанот.