Print this page

ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ: „Улога и обврски на бранителот во адверсијалниот систем“

05 Мај 2023

Од 7-9 јуни во хотелот „DoubleTree by Hilton“,  во Скопје, во организација на Адвокатската комора на РСМ и Националниот центар за државни судови на САД, а со финансиска поддршка поддршка на Амбасадата на САД во Северна Македонија и INL - Стејт Департмент ќе се одржи обука за обучувачи на тема „Улога и обврски на бранителот во адверсијалниот систем“.

Оваа обука ќе се реализира во рамки на  проект поддржан од Американската амбасада во РСМ, чија цел е поддршка на Адвокатската комора во примената на претстојниот нов Закон за адвокатурата, особено во делот на воспоставување систем на почетна и континуирана едукација што ќе го спроведува Центарот за едукација на АКРСМ.

Обуката ќе се води од страна на обучувачи од САД на која ќе бидат опфатени 15 адвокати. Целта е да се опфатат поголем број на обучувачи кои понатаму ќе можат да држат обуки согласно програмите за континуирана обука на адвокатите. 

Адвокатите кои се заинтересирани треба да достават CV и мотивациско писмо на елекронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 12 мај 2023 година.

Агендата можете да ја преземете од линкот подолу.