Print this page

Преземете ја електронска верзија на книгата „Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права (со посебен осврт на критериумите за допуштеност)”

02 Октомври 2019

Достапна е електронска верзија на книгата „Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права (со посебен осврт на критериумите за допуштеност)”, чиј автор е д-р Јелена Ристиќ. Книгата е подготвена и публикувана со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт.

Оваа публикација претставува сеопфатна, консолидирана и ажурирана литература за целокупното функционирање на Европскиот суд за човекови права. Притоа, посебен фокус е ставен на критериумите за допуштеност, чие исполнување е неопходно за жалбата да стигне до фазата на мериторно одлучување, особено имајќи предвид дека најголемиот број на жалби кои се поднесуваат до Судот се отфрлаат поради неисполнување на овие критериуми.

Книгата можете да ја преземете од линкот подолу.