Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

01 Јуни 2018

Врховниот суд на РМ објави сентенца од граѓанската област, која се однесува на парничната постапка.

 Сентенца: Судир на надлежност на основни судови

 „Член 21 став 1 од од Законот за парничната постапката („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/05…бр.124/15) в.в со член 72 став 1 од Законот за нотаријатот

Во случај кога тужениот во приговорот против решението за издавање на нотарски платен налог, не истакнал и приговор на месна ненадлежност, а не е предвидена исклучителна месна надлежност на друг суд, судот пред кој е започната постапката останува месно надлежен суд.“

Образложение: Основниот суд Штип со решение ПЛ1-ТС-103/2017 од 16.10.2017 година, повикувајќи се на одредбата од член 63 од Законот за парничната постапка, се огласил за месно ненадлежен да постапува по тужбата на тужителот Друштво Б. АД С., против тужениот Друштво Т.Т. ДООЕЛ Ш., за долг, вредност на спорот 462.030 евра, при што определил по правосилноста на решението, предметот да се отстапи на понатамошно постапување на Основниот суд Скопје II Скопје, како стварно и месно надлежен суд…


Сентенцата во целост: Надлежност на суд во случај кога во приговорот против решение за издавање на платен налог не е истакнат и приговор за месна надлежност

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме