Почина Милорад Мартиновски, поранешен претседател на Адвокатската комора на РМ

23 Мај 2018




Деновиве во Скопје почина Милорад Мартиновски, долгогодишен адвокат и поранешен претседател на Адвокатската комора на РМ.

Роден во Скопје на 28.06.1935 година од татко Симеон, професор по математика и мајка Пенелопа, професорка по биологија. Во текот на Втората светска војна завршил основно училиште во Лесковац, Србија, а од 1944 година го продолжува школувањето во Скопје. Од 1949 до 1951 година заминува во воено училиште во Крагујевац, по кое ја напушта војската и продолжува гимназија во Скопје. Средно училиште завршил во гимназијата ,,Цветан Димов’’ во Скопје 1956 година. Во септември 1960 година, дипломирал на Правниот факултет во Скопје „Јустинијан Први“ и веднаш како стипендијант бил вработен во тогашниот Народен одбор на Скопската околија во Јавното правобранителство. Во Јавното правобранителство работел 10 години до 1970 година, прво како приправник, па по полагањето правосуден испит станал референт и во Јавното правобранителство на Скопска околија, потоа Јавен правобранител на Општина Идадија, па Заменик-јавен правобранител на град Скопје, а од 1970 до 1980 година судија на Окружниот суд во Скопје. Во 1980 година под број на лиценца 105 преминува во адвокатурата.  Член е на претседателството на АКРМ во два мандата.  Претседател на Управен одбор на АКРМ е во периодот 1998 – 2000 година. Адвокатската дејност ја обавува до 1.07.2012 година, по што заминува во пензија.

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме