Print this page

Одлука на УО на АКРМ за орочување на средства за купување на деловен простор за Адвокатската комора на РМ

04 Мај 2018



Врз основа на член 23 од Статутот на Адвокатска комора на Република Македонија, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија на седница одржана на ден 24.04.2018 година ја донесе следната

 

ОДЛУКА

 

Од средствата на сметка на Адвокатската комора на Република Македонија наменски се определуваат 12.000.000,00 денари за купување на деловен простор за Адвокатската комора на Република Македонија во Скопје.

Се овластува претседателот на АКРМ овој износ да го орочи на посебна сметка за период од 12 месеци.

Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесување.

 

АДВОКАТСКА КОМОРА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 Претседател
Никола Додевски, адвокат