Print this page

Одложен состанокот во врска со Законот за нотаријат

22 Март 2018
Работниот состанок по повод Законот за нотаријат кој денеска требаше да се одржи во во Министерството за правда и кој претставува продолжување на иницијалниот состанок што на 13.03.2018 се одржа во Владата на РМ е одложен.

За потсетување, претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, на минатиот состанок повторно во писмена форма ги достави предлозите на АКРМ за задржување на учеството на адвокатите во сите постапки. Со цел проучување на предлозите на АКРМ од страна на останатите инволвирани страни, состанокот тогаш беше одложен за денеска - 22.03.2018. 

За сите понатамошни активности, Адвокатската комора и понатаму ќе ги информира своите членови преку веб страната.