Print this page

Известување во врска со состанокот за Законот за нотаријат

19 Март 2018
На денешниот работен состанок по повод Законот за нотаријат кој се одржа во Министерството за правда и кој претставува продолжување на иницијалниот состанок што на 13.03.2018 се одржа во Владата на РМ, претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, повторно во писмена форма ги достави предлозите на АКРМ за задржување на учеството на адвокатите во сите постапки.

Со цел проучување на предлозите на АКРМ од страна на останатите инволвирани страни, состанокот се одложи за 22.03.2018 (четврток).