Print this page

Уставниот суд го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

16 Ноември 2017

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Судиите констатирале дека законот е уставно проблематичен и треба да биде укинат.

Одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник на РМ, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок. Законот е донесен во 2014 година.

Иницијативата со која се оспорува Законот за одредување и одмерување на висината на казната е поднесена од  адвокатот Христијан Георгиевски од Куманово.

Адвокатската комора на РМ  јавно го искажа својот негативен став кон ваквото законско решение уште кога истото беше во фаза на Правилник.