ОБУКИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА ОДРЖАНИ ВО КАВАДАРЦИ И СТРУМИЦА

03 Јули 2017
Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната беше тема на двете еднодневни обуките, кои на  29 и 30.06.17, во организација на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), со финансиска поддршка на Амбасадата на САД, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) се одржаа во Кавадарци и Струмица.


Претседателот на Адвокатската заедница Кавадарци, адвокатот Живко Ајтов, во својот поздравен збор истакна дека Адвокатската комора на РМ имаше негативно мислење во однос на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, како и Правилникот кој му претходеше на Законот.

На обуките на кој учество земаа адвокати од адвокатските заедници Кавадарци,  Неготино, Струмица и Радовиш,  адвокатите Фатмир Муса од Скопје,  Светлана Кузманова од Кочани и Оливер Гашев од Велес во улога на фацилитатори говореа за нормативните аспекти на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната, но воедно го елаборираа и прашањето за примената на овој закон низ практиката на адвокатите и правосудството. 

Во рамки на обуките беа спроведени и симулации на случај, по што низ дискусија беа акцентирани проблемите со кои адвокатите се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот. Ставот на адвокатите е дека со Законот се губи индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување, дека е неоспорна е неговата контрадикторност и неусогласеност со темелните вредности на Уставот и тие побараа итно укинување на истиот.


Обуките се спроведоа во рамки проектот на Адвокатската комора на Република Македонија  „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме