(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати

30 Декември 2016
Шеесет и пет нови адвокати во рамки на свечена церемонија која се одржа вчера, 29.12.2016, во хотелот „Мериот“, во Скопје,  се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во  декемвриска сесија 2016 година.

Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека во сите свои постапки ќе внимаваат на угледот на адвокатурата како јавна служба.

Претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), г. Никола Додевски, на новите адвокати им порача професијата да ја вршат гордо и достоинствено.


„Почитувани колеги и колешки, добредојдовте во македонската адвокатура. Морам да ви кажам дека ќе ви биде многу убаво, но нема да ви биде лесно. Македонските адвокати секогаш во историјата, а и денеска се борат за да ја соочуваат својата позиција, за да го зачуваат угледот на адвокатурата и нормално за да го обезбедат својот опстанок. Не е адвокатурата професија во која успехот доаѓа сам по себе, туку адвокатурата е професија во која се' што ќе дојде треба да се заслужи и сериозно да се одработи и заработи. Имајте предвид дека на тој начин резултатот нема да изостане. Имајте предвид дека што посериозно работите, што повеќе ја цените адвокатурата, што повеќе ја сакате професијата, толку поуспешни ќе бидете. Местото во адвокатурата сами ќе го најдете, но доколку не се пронајдете и тоа не е страшно и за тоа има решение и излез. Тие што од преголема желба или амбиција решиле сами да отпочнат, доколку не успеат во својата првична цел, секогаш можат да се обратат кај повозрасните колеги, ќе продолжат кај нив да работат, вратите се секогаш отворени. Тие самостојно што ќе можат да го остварат тоа што го замислиле уште подобро. Но, немојте никогаш да потклекнувате, секогаш бидете со исправен рбет во судницата и надвор од судницата,  бидете горди и на тој начин првиот предуслов за добар адвокат ќе го исполните. Немојте да дозволите опасно однесување, немојте да дозволите во судницата да бидете незначителна фигура, декор, - тоа не е македонската адвокатура, тоа не е адвокатура воопшто! Тие што така ќе се однесуваат, лиценцата што денес ќе ја добијат, не ја заслужиле. Се надевам дека такви помеѓу вас нема. Адвокатската комора прави се' за овој ден да биде значаен и сакам како таков да го запомните. Запомнете дека не се станува припадник на една ваква важна професија секој ден. За крај, она што би сакал да ви посакам не е само успех, не само достоинство, туку и многу добра заработка. Нека ви е е со среќа!“, , истакна претседателот на АКРМ, г. Додевски.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме