Print this page

ИЗВЕСТУВАЊЕ

22 Јуни 2016

Адвокатската комора на РМ на седницата на Управниот одбор одржана на 20.06.2016 година донесе Заклучок согласно кој се обрати до Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) во врска со штрајкот на вработените во судската администрација.

Имено,  Адвокатската комора на РМ ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро изнаоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот.

Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот.